0 коментари 2 мин. читање 29 јули, 2021

Кои податоци се кријат во Microsoft Teams аналитиката

Microsoft Teams е супер алатка за колаборација која значително ја олеснува работата на далечина. Алатката може да се користи за текст разговори, видео средби и повици, но и за споделување на фајлови на кои повеќе луѓе може заеднички да работат. Teams преку преглед на аналитика овозможува и некаквo следење на работата.

Дел од податоците кои се достапни се:

  • Времетраењето и периодот во кој некоја од апликациите се користи. Во овие информации се достапни податоци за апликациите од Microsoft, но и за апликации од други производители на софтвер кои се следат. Во овој сет на податоци е достапно колку членови на тимот ги користат апликациите, во кои делови од денот и колку време.
  • Колку време тимот поминува во разговори и колку овие разговори ја чинат компанијата.
  • Како изгледа комуникацијата во тимовите: колку пораки се испраќаат во тимот; колку одговори се испраќаат; колку активни канали користат тимовите и колку пораки има во каналите.
  • За членовите на тимот поединечно, може да се погледне во колку „средби“ и во колку разговори учествувале; колку пораки или постови објавиле, колку  пораки во различни канали испратиле; колку одговори имаат; колку часа аудио и виде разговори имаат и слично…

Microsoft Team не овозможува детален преглед за секој корисник поединечно.  Единствените податоци кои се врзани за  одделни корисници се однесуваат за последните активности на членовите на тимот; кога некој корисник последен пати користел Excel; кога последен пати проверил пошта; кога последен пат бил на Skype и слично. Алатката овозможува преглед на завршени таскови, но не и детален преглед на времето поминато во работа.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top