Претходниот пост ми беше за тоа како Владата неможе да си ги одржи своите ветувања за развој на е-трговијата во Македонија, правдајќи се на економската криза и рестрикции на буџетот. Но, кога државата неможе да издвои "ситни" 50.000 евра од својот буџет за развој на економијата и општеството… [спремите се за добри вести]…. може Македонски Телеком!
Имено, преку својата фондација "е-Македонија", МТ ја промовира идејата на починатиот претседател Трајковски, Македонија да стане земја со мрежно поврзан економски модел базиран на информатичките и комуникациските технологии. Идејата е преку фондацијата да се поддржуваат различни програми и проекти од ИКТ секторот преку директни донации и придонеси.
"Промовирајќи информатички и комуникациски технологии (ИКТ), ние ја промовираме и економијата на земјата со тоа што ги нагласуваме споредливите предности, како повисок степен на образование на населението, високо развиена телекомуникациска инфраструктура со широк спектар на услуги, популарност на Интернетот кај младата популација, познавање на работа со компјутери кај сите граѓани, особено кај оние коишто се дел од вработената работна сила."
Добрата вест е тоа што фондацијата на Телеком објави оглас со кој прибира барања за поддршка на домашни ИТ проекти.
———————————————————————–
Фондацијата „е-Македонија“ врз основа на член 7 од Статутот, како и
врз основа на стратегијата за работа за 2009та година донесе одлука за:
ОБЈАВА бр.01/2009
за прибирање на барања за поддршка на проекти што ќе бидат целосно
или делумно помогнати од Фондацијата “е-Македонија”.
- Доставените
барања за поддршка треба да се однесуваат на реализација на проекти кои
придонесуваат за подобрување на условите за информатичкото општество; - Право
да достават проект врз основа на овој оглас имаат сите организации што
се регистрирани во Република Македонија, а кои во рамките на своите
дејности и цели се грижат за подобрување на условите во информатичкото
општество; - Организациите кои ќе аплицираат за поддршка од
фондацијата треба да достават: - Прелиминарна документација
- Фотокопија од
тековна состојба од Централен Регистар на Република Македонија (не постара
од 6 месеци)
- Документација за проектот
- План на
проектот изработен според апликацијата (апликацијата е достапна на веб страната на Фондацијата “е-Македонија”, www.e-makedonija.gov.mk), доставен во
4 примероци (2 на македонски и 2 на англиски)
- Управниот
Одбор на Фондацијата „е-Македонија“ ќе врши избор од доставените барања
за поддршка врз основа на: придонесот на проектот за подобрување на
условите во информатичкото општество во Р.Македонија, бараните парични
средства и досегашното искуство на организацијата во реализацијата на
слични проекти; - Рок за доставување на барањата: 15.09.2009 година;
Барањата
да се доставуваат во затворен коверт со назнака „За Фондација
“е-Македонија” – објава бр.01/2009“ исклучиво преку пошта со
препорачана пратка на адреса: Македонски Телеком АД – Скопје, ул.Орце
Николов бб, Скопје
- Фондацијата се обврзува да достави одговор на сите
доставени барања за поддршка најдоцна до 30.11.2009 година; - Фондацијата ќе потпише договор со организациите чии што
проекти ќе бидат целосно или делумно поддржани; - Фондацијата „е-Македонија“ преку свои органи го задржува
правото да не избере ниту еден од проектите за кои е побарана помош.
Вкупниот
фонд на Фондацијата “е-Македонија” за целосна или делумна поддршка на
проекти за развој на информатичкото општество изнесува до 50.000 евра.
———————————————————————–
За да аплицирате треба да го пополните и испратите овој документ најдоцна до 15.09.2009 година. А доколку сакате да ги погледнете проектите кои биле спонзорирани од фондацијата во минатото, тоа може да го сторите тука.
Ова е одлична вест за ИТ секторот во Македонија, особено за младите информатичари кои работат на свои иновативни проекти. А доколку се прашувате зошто Телеком би го правел ова и би давал туку така пари, размислувајте во насока на плаќање помалку даноци. :-)






