Каква е заштитата на приватноста на друштвените мрежи?

{mosimage}Отворените дискусии околу приватноста на веб страниците за социјалното вмрежување, обично ги тргаат настрана обичните корисници, па на тој начин веб сајтовите не обезбедуваат “експлицитни и достапни правила за заштита на приватноста на корисниците”, велат истражувачите од Кембриџ Универзитетот кои направија aнализа за за приватноста на корисниците на друштвените сајтови.

Истражувањето ги рангира Bebo и LinkedIn највисоко во однос на заштитата на приватноста на корисниците, додека Facebook и MySpace се рангирани во средината.

„Сајтовите сакаат корисниците да бидат релаксирани и да се забавуваат, но кога ќе се спомене приватноста, корисниците не се чувствуваат многу пријатно кога треба да споделуваат приватни податоци," вели ко-истражувачот Џозеф Бонеу кој вели дека и сајтовите со добра заштита не ја промовираат истата, „па на тој начин корисниците немаат поим што добиваат."

Истражувањето кое опфати 45 сајтови за социјално вмрежување од целиот свет, открива дека личните податоци на корисниците на повеќе сајтови стануваат јавни. Причината за ова која е наведена во извештајот е „огромната конкуренција меѓу сајтовите за социјално вмрежување". Истражувачите откриваат дека сајтовите кои ги промовираат нивните контроли за приватноста, помалку ги привлекуваат новите корисници. Во извештајот се вели дека ова е така можеби поради фактот што мнозинството од луѓето додека тврдат дека се загрижени за приватноста, забораваат или го игнорираат фактот дека нивните податоци може да бидат злоупотребени на некој друг поатрактивен сајт.

Во однос на критериумите за мерењето на приватноста, академиците извршиле неколку истражувања. Најпрвин, забележани се потребните лични информации за зачленување на секој сервис одделно. Исто така, извршено е истражување колку на корисниците им е кажано за нивната приватност на сајтот, и колку податоци можат да забележат новите членови за веќе постоечките членови, пред да се приклучат на мрежата.

Истражувањето открива дека:

  • 90% од сајтовите непотребно бараат име и презиме или датум на раѓање за да се приклучите на мрежата.
  • 80% не успеале да воспостават стандардни протоколи за енкрипција и заштита на личните податоци на корисниците од хакерски напади.
  • 71% го задржуваат правото да споделуваат податоци од корисниците со трети лица.

{mosimage}

Извештајот завршува со заклучокот дека се потребни повеќе додатни истражувања на ова поле и со надеж дека ова истражување е добра основа како почеток.

На крај, со цел да ја заштитите вашата приватност на сајтовите за социјално вмрежување, еве неколку аспекти на кои треба да внимавате при зачленувањето на друштвените мрежи:

  • Знајте колку, како, што и кои од вашите лични податоци се заштитени.
  • Одберете сајтови кои ви нудат поголема контрола на тоа кој може да го пронајде вашиот профил и колку информации може да пронајде за вас.
  • Не ги откривајте информациите за вашиот реален живот, местото на живеење, работното место, работното време и сл.
  • Менувајте ги лозинките редовно. Избегнувајте користење на обични зборови, како на пример, вашиот роденден, и не користете иста лозинка за повеќе сајтови. Додатно за читање: Едноставни совети за сигурни лозинки.
  • Користете посебна е-меил адреса за друштвени мрежи, адреса која нема да ги содржи вашето име и презиме како и датумот на раѓање.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments