Кога е потребно да се потпише договор за доверливост при развој на ИТ проекти

во ИТ Кариера, ИТ.МК


Понекогаш, компании кои се во процес на собирање на инвестиции во почетна фаза на развој, уште на првата „кафе“ средба со инвеститорот, бараат потпишување на NDA Договор пред да направат и основно споделување (pitch) на идејата. 

Дали во оваа ситуација е потребен договор за доверливост или едноставно компанијата може да не ги открива работите кои што смета дека се доверливи?

Договорите за доверливост се среќаваат во најразлични аспекти и имаат широка примена. Со овие Договори компаниите ги штитат доверливите информации и деловните тајни, меѓутоа истите не се потребни во секоја ситуација.

Која е разликата меѓу доверливи информации и деловна тајна?

Доверливи информации можат да бидат фрагменти на информации, кои како такви ги определила компанијата, како на пример: висина на плата на работник; здравје на работник, останати лични податоци на работник и сл. 

Деловната тајна е комплекс на повеќе информации што можат да опфаќаат: R&D процеси, формули, маркетинг стратегии, бизнис планови, односно процеси или информации кои што и даваат предност на компанијата пред конкурентите.

Во суштина секоја деловна тајна е доверлива, меѓутоа, не секоја доверлива информација е деловна тајна. Компаниите сами одлучуваат кои работи ќе ги сметаат како деловна тајна.

\

https://www.pexels.com/photo/handwritten-writing-blur-business-7841406/

Кој може да ги злоупотреби доверливите информации?

Доверливите информации може да ги злоупотребат најразлични луѓе со различни мотиви, но најчесто во пракса тоа се:

  • Вработени во заминување, кои дале или добиле отказ;
  • Соработници компании, конкуренти и сл.
  • Намерни малициозни напади на системи, преку хакирање и преземање на доверливи информации од трети лица;

Како може да се заштитиме?

Прв чекор кон добра заштита е прецизно внатрешно определување на информации кои се доверливи и степенот на нивната доверливост.

Нареден чекор е преземање на внатрешни мерки за заштита и третман на доверливите информации. Тука може да спаѓаат најразлични обуки на вработените за третман на доверливи информации, различни физички или електронски технички мерки за заштита на доверливите информации, добра организациска поставеност и интерни правила и сл.

Договор за доверливост

При состав и склучување на Договор за доверливост, од голема важност е прецизно определување на доверливите информации. На пример, постои разлика меѓу: 

Определување:

  • Мобилна апликација која конвертира .wav во .mp3 формат 

Од определување:

  • Мобилна апликација која конвертира .wav во .mp3 формат, за времетраење од хх секунди со хх квалитет при конверзија на фајлови од големина од хх Mb.

Освен прецизното определување од голема важност е уредување на правилата на третман, начини на споделување и откривање и сл. Дефинирањето на овие елементи може многу да го подобри квалитетот на Договорот и да ги заштити вашите доверливи информации.


Напомена: Ова се генерални информации и истите не претставуваат правен совет.

За авторот

Адвокатска канцеларија, која повеќе години активно работи во областите на правото на трговските друштва, интелектуална сопственост и авторски права. Нашите клиенти се компании кои работат на полиња на развој на софтвер, иновирање, дигитализација, маркетинг и дизајн. 

За повеќе информации околу 3600 за ИТ – посетете го следниов линк.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments