Постарите читатели сигурно се сеќаваат на ерата на касетите и шумот кој обично беше задолжителен со секоја песна. На времето, голем број касетофони имаа копче Dolby Noise Reduction за да се елиминира или, во најмала рака намали шумот.
Официјалната Dolby апликација, меѓутоа, е за телефоните и таблетите она што Dolby Noise Reduction копчето беше за касетофоните. Имено, сниманите аудио и видео материјали можете да ги издигнете на значително попрофесионално ниво така што ќе ги оптимизирате нивоата на микрофоните, ќе го намалувате надворешниот шум и изобличување на звуците. Паралелно со ова, ќе можете да се играте со најразлични аудио стилови и опции за бас, острина и наметнување визуелни ефекти. Интересно е тоа што можете да отстранувате и несакани делови од сниманото на лесен начин, како и да го подобрувате звукот од YouTube стримови во живо.
Преземете ја апликацијата за Android, односно iOS.