Кина отвора огромен забавен парк со виртуелна реалност

0 коментари 1 мин. читање

Огромен парк со виртуелна реалност следниот месец ќе биде отворен во Гијанг, Кина. Името на паркот е „Источна долина на наука и фантазија“ (East Valley of Science and Fantasy).

Станува збор за футуристички забавен парк, а на сликите кои протекоа се забележува дека во паркот доминира статуа од робот. Сепак, можеби најинтересниот дел од паркот ќе бидат салите за виртуелна реалност.

Според најавите, посетителите ќе можат да патуваат во идината, да се борат со змејови, да летаат во вселената и да сретнат вонземјани, пренесува Shanghaiist. Најголем дел од содржините ќе се во виртуелната реалност, дури и Star Wars лудата железница ќе биде во виртуелна ралност.

Image courtesy of Shanghaiist

Паркот иако отвора во декмври, целосно нема да започне да работи. Во декември ќе бидат отворени само дел од содржините, а останатите ќе бидат додавани подоцна. Изградбата на паркот чини 1.5 милијарди долари.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед