0 коментари 2 мин. читање 15 ноември, 2017

Прво паметно апче, може да следи дали сте го испиле

Управата за храна и лекови на САД (FDA) даде дозвола за првото паметно апче. Апчето доаѓа со сензор со кој може да следи дали е испено. Дополнително, пациентот ќе може да ја коментира својата состојба.

Abilify MyCite доаѓа од јапонската компанија Otsuka Pharmaceutical. Првото апче кое ќе доаѓа со сензор е антипсихотик кој се користи за третман на шизофренија, биполарно растројство и депресија, јави NPR.

Вобичаено се поставуваат прашања за приватноста на пациентите кои ги земаат овие лекови и цената.

Напредокот е овозможен од минитуризацијата на сензорите и новиот сензор на Proteus кој е со големина на зрно песок. Штом дојде во допир со желудечен сок, сензорот се активира  и го впишува времето кога е испиено апчето. Потоа овој податок се испраќа на лепенка која ја носи пациентот и се префрла на телефонот.

Секако, за дел од пациентите придобивките се поголеми од ризикот. За пациентите со ментално нарушување ова може да биде од непроценлива важност.

Во моментов ова не е единствено, но е најпрецизно решение. Другата технологија се паметни кутивчиња за апчињата кои можат да следат кога се отворени. Сепак, отворањето на кутивчето не гарантира дека апчето ќе биде и испиено.

Најголем недостаток на Abilify е цената. Неофицијално, апчето ќе чини 891 долари.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top