Mozila ја претстави новата верзија на Firefox, Quantum. Новата верзија не доаѓа единствено со новo имe Firefox 57, туку е ребрендирана во Firefox Quantum.
Оваа надградба не е само подобрување на досегашната функционалност, туку потполно нов прелистувач. Најпрво ќе го забележите редизајнот, но тоа е најмалата промена. Новиот прелистувач доаѓа со сосем нов енџин, Project Quantum. За прв пат прелистувачот работи на повеќе јадра. Ова важи и за декстоп и за мобилната верзија на Firefox.
Quantum е најбрзата верзија на прелистувачот досега. За разлика од пред 6 месеци, прелистувачот е два пати побрз. Дополнително, Firefox е и помал товар на ресурсите и потребно му е 30% помалку меморија отколку на Chrome.
Колку брза е новата верзија? Споредбата на времето потребно за отворање на Топ 10 веб-страници по бројот на посети, покажува дека за дел од нив Firefox е побрз од Chrome. Ова и штедливоста со меморија, можеби е доволна причина да повторно да користите Firefox.
Заедно со надградбата дојде време и за промена на стандардниот (default) пребарувач. Mozilla ја прекина соработката со Yahoo и сега повторно е вратен Google. Ова зависи и од локацијата, па за жителите на Турција, Русија, Белорусија и Казакстан пребарувачот ќе биде Yandex, а за Кина, Baidu.
Во новата верзија е интегриран и Pocket. Функционалност која овозможува додадвање на отворената страница на листа за читање подоцна. Заедно со мобилната апликација корисникот ќе може да ја прочита содржината и офлајн.
Quantum доаѓа со поддршка за WASM и WebVR, па ова треба да помогне како за играње, така и за содржина во виртуелната реалност. Ова е една од функционалностите кои беа додадени во прелистувачот како подготовка за оваа верзија.
Mozilla Quantum ќе биде достапна на Windows, Mac, Linux, Android и iOS. Десктоп верзиите се достапни на Mozilla, a Android верзијата на Google Play. За жал, iOS верзијата ќе пристигне подоцна.