Ќе успее ли Агенцијата за претприемништво да им помогне на стартапите повеќе од ФИТР

во ИТ.МК

Македонската влада ќе направи поголемо преструктурирање на својата институционална рамка за поттикнување иновации и претприемништво. Како дел од оваа трансформација Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) ќе престане да постои. Функциите кои ги имаше фондот сега ќе бидат дел од Агенцијата за поддршка на претприемништвото (АППРМ). Оваа одлука е објавена на почетокот на април 2025 година и би можела да означи значајна промена во пристапот кон промовирање на економскиот раст и технолошкиот напредок.

Дел од стартап заедницата се согласува дека постои потреба за подобрување на постојните механизми за поддршка на бизнисите. Реорганизацијата треба да реши дел од постоечките недостатоци и проблемите кои го оптоваруваа ФИТР за да се воспостави конзистентен и ефикасен систем кој ќе добие поддршка од поширокиот бизнис екосистем. Сепак некои од скандалите и обвинувањата за корупција од минатото можеби се причина за одлуката за затворање на фондот.

Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР)

ФИТР беше основан во 2015 година за да ги поттикне и охрабри македонските претприемачи за иновации. Имаше значајна улога во развојот на повеќе македонски стартапи преку кофинансирање бројни проекти и обезбедување клучна финансиска поддршка за стартапи и иновативни проекти. За време на десетгодишната работа, ФИТР додели над 138 милиони евра во околу 1200 проекти и над сто училишни иницијативи, пишува Bloomberg.

Поддржаните проекти опфаќаа различни области, вклучувајќи напредок во ИТ секторот, гејминг индустријата, фармацевтската, биотехнолошката, земјоделската технологија. Сепак, и покрај придонесите, ФИТР постојано беше цел на обвинувања за корупција и лошо управување со јавните средства. Овие проблеми го следеа фондот уште од доделувања на првите грантови. Иако директорите на фондот речиси од почеток беа мета на обвинување, се чини дека поновите скандали кои вклучуваат обвинувања за фиктивни проекти и злоупотреба на средства наменети за иновации, се причина за конечно затворање на ФИТР.

Резултат на овие скандали, вклучително и пријавената загуба од 3,2 милиони евра поради измамнички активности, е нарушената репутација на ФИТР. Тоа ја наруши и неговата способност да ја исполни својата цел.  

Спојување со АППРТ

Основната причина за одлуката на владата да го спои ФИТР со АППРМ е надежта дека со ова ќе овозможи подобрување на целокупниот екосистем и ќе обезбеди посилна поддршка за претприемачите. Ова е дел од поголема реорганизација на државните институции.

За да се олесни оваа транзиција, Министерството за образование и наука ќе формира работна група во рок од десет дена. Оваа група ќе биде одговорна за изготвување или изменување на постојниот Закон за иновациска дејност со цел да се обезбеди потребната правна рамка за спојувањето и да се обезбеди непречен процес на интеграција.

„Во следниот период планот е да се формира работна група со претставници од Канцеларијата на претседателот на Владата, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за економија и труд, Агенцијата за поддршка на претприемаштвото и Фондот за иновации и технолошки развој, кои ќе работат на предлог-измени или комплетно нов закон за иновациската дејност, со кој ќе се регулира реорганизацијата на Фондот за иновации и технолошки развој“, велат од Владата.

ФИТР и АППРТ

Агенцијата за поддршка на претприемништвото (АППРМ) е владин орган за спроведување политики и програми наменети за поддршка на развојот и растот на малите и средни претпријатија (МСП).

Фото: ФИТР Facebook страница

Фокусот на АППРМ е поширок од оној на ФИТР. Агенцијата опфаќа широк спектар на бизниси. За разлика од ФИТР кој е специфично насочен кон иновации, АППРМ во најголем дел не е фокусирана на иновациите. Спојувањето меѓу фондот и агенцијата покажува заложба за окрупнување на владините ресурси и експертиза на една локација. Ова може да доведе до поопфатен и поедноставен систем за поддршка на стартапите водени од иновации и на претприемачки потфати.

ФИТРАППРМ
ФокусИновации и технолошки развојПоддршка за мали и средни претпријатија (МСП)
Целни компанииПоддршка за мали и средни претпријатија (МСП)Мали и средни претпријатија во различни индустрии
ФинансирањеГрантови, кофинансирањеПрограми за поддршка, обуки, потенцијално грантови
ЕкспертизаФокус на евалуација и финансирање иновативни потфатиПоширока експертиза во поддршка на различни аспекти од развојот на МСП

Сепак покрај можностите, интеграцијата на ФИТР во АППРМ не е без предизвици. Најголем проблем на спојувањето е намалување на специфичниот фокус на поттикнување иновации и поддршка на стартапи со висок раст. Ова во суштина беше и основната мисија на ФИТР. АППРМ опфаќа поширок спектар на мали и средни претпријатија, па постои ризик дека специфичните потреби на стартапите нема да го добијат специјализираното внимание и ресурси потребни за нивен успех во поопшта рамка за поддршка на бизнисите.

Освен тоа, станува збор и за спојување на две различни организации. Организациите се со веќе воспоставена култура, оперативни процедури и приоритети. Спојувањето ќе биде комплексен потфат. Стартап заедницата ќе се надева на подобрена поддршка, но веројатно постои и загриженост дека со спојувањето ќе има и намалување на специјализираните програми. Покрај ова, можно е и намалување на средствата наменети за можностите за финансирање или експертизата прилагодена на нивните специфични барања.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk