Kaspersky Lab бил мета на софистициран сајбер напад, откри безбедносната компанија

Безбедносната компанија Kaspersky Lab открива дека и самите биле цел на сајбер напади преку кои напаѓачите сакале да украдат доверливи информации. Според податоците кои ги објави компанијата, хакерите биле заинтересирани за Secure Operating System, Kaspersky Fraud Prevention, Kaspersky Security Network и Anti-APT решенијата. Нападите се едни од најсофистицираните досега, велат од Kaspersky.

Малициозниот софтвер кој бил употребен во нападите не се инсталира на дисковите, туку во меморијата на инфицираните компјутери и поради ова е тешко да се детектира. Сепак компанијата верува дека успеале да ја спречат инфилтрацијата во рана фаза, а зафатени биле само мал број од компјутерите. Нападите започнале на почетокот на пролетта, а доаѓаат од краторите на тројанецот Duqu. Малициозниот софтвер кој е користен за нападот на Kaspersky е наречен Duqu 2.0, и за разлика од претходникот кој злоупотреби безбедносен пропуст во Microsoft Word, овојпат пропустот е „zero day vulnerability“ на Microsoft Installer. Од Kaspersky ги известија Microsoft за попустот и очекуваат наскоро да биде надминат.

„Откривме дека групата зад Duqu 2.0 шпионирала повеќе, вклучувајќи ги учесниците во меѓународните преговори за иранската нуклеарна програма, учесниците на 70-тата годишнина од ослубодувањето на Аушвиц и други. Истрагата е во тек но веруваме дека се вклучени повеќе цели од повеќе континенти. Веруваме и дека откако го откриве Duqu 2.0 софтверот е избришан од инфицираните мрежи да го оневозможат нивното откривање“.

Kaspersky јавно не открива од која држава потекнуваат нападите, но велат дека испратиле барања за криминална истрага до безбедносни агенции во повеќе држави. Со оглед на тоа дека Kaspersky не се убедни дека тие се цел на нападите, можеби некоја од копаниите или агенициите кои го користат софтверот на Kaspersky се идна цел на напад.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments