June е паметна печка која ви помога со готвењето

Дали сте подготвени да станете подобар готвач? е прашањето кое ви го поставуваат креаторите на паметната рерна June. Но, ова е погрешно прашање, бидејќи вие добивате подобра храна само затоа што June, а не вие, готви. Со оглед на тоа дека станува збор за паметен уред, рерната динамички ја менува температурата на која готвите, прилагодувајќи се на храната која ја готвите.

Дополнително June самостојно ги препознава јадењата кој вообичаено се готват, дава совети кога ќе ги ставите во рерната и автоматски го нагодува времето и температурата. Со оглед на тоа дека станува збор за паметен уред, не може да помине без апликација. Овојпат апликацијата ви го презентира сите релевантни податоци, како преостанатото време за готвење или температурата. Преку камерата и видео стрим, корисниците можат од било каде и во било кое време да ѕирнат во рерната.

Преку апликацијата е овозможено и следење на видео рецепти, нивни промени, но и креирање на сопствени рецепти. Доколку корисникот внесе некоја јадење кое сака да го приготви June ќе генерира и листа на продукти кои треба да се купат во зависност од бројот на луѓето за кои се приготвува храната. Според производителот June го забрзува готвењето за 25 отсто, грачите кои се инсталирани се последна генерација на греачи изработени од јаглерод и се загреваат за само 5 секунди. Сензорите и контролерот не само што спречуваат јадењето да загори туки испраќа и навремени аларми до корисникот.

На кратко June е предзнак на што може да се направи во кујната со паметни уреди. Не само што ви нуди куп информации за да ви надополни за немањето готвачки вештини, туку некои работи паметната печка ги прави сама за да ве ослободи да се фокусирате на најважното. June е пример за вистински уред поврзан на Интернет на нештата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments