Оваа година Microsoft требаше да ја издаде втората подобра генерација на очилата HoloLens. Сепак компанијата го промени планот и нема да има втора генерација. Наместо ова, компанијата ќе продолжи да го надградува уредот и во 2019 ќе ја претстави следната генерација. Според првичниот план во 2019 требаше да излезе третата генерација на HoloLens, јаву Thurrott.
Вообичаено втората генерација на прототип уредите e помала и поудобна. Сепак наместо ова, Microsoft ќе се фокусира на креирање на подобар производ.
HoloLens е веќе достапен во ограничена продажба, количините се мали, а цената на уредот е превисока. Microsoft можеби го променил планот откако дел од конкурентите како Magic Leap и Intel најавија ќе ги претстават многу подоцна, па дури и немаат уред кој може да го презентираат.
Се надеваме дека овој доополнителен период ќе помогне следната генерација на HoloLens да биде помоќна, поудомна и подобра од сегашната. Во меѓувреме најверојатно ќе може да видиме некои верзии на Windows Holographic од партнерите на Microsoft.