Започна предвременото преземање на Ghost Recon Wildlands бета!

во гејминг

Како што ве известивме во нашиот последен неделен извештај, долгоочекуваната Ghost Recon Wildlands овозможува еднонеделно бета тестирање. Во пресрет на 23 февруари, за кога е предвиден настанот да започне, Ubisoft ви дозволува предвремено да се подготвите со тоа што веднаш можете да ја преземете играта. Пред да почнете било какво преземање, имајте предвид дека за минимално, графички-осиромашено искуство во 720p резолуција потребно ви е i5-2400S и GTX750Ti, со најмалку 6 GB RAM. Наднормално високо, особено кога ќе земете предвид дека препорачаната конфигурација за 1080p бара  i7- 3770, GTX970 и 8 GB RAM.

За разлика од претходниот бета настан, кој беше во затворена форма, оваа бета воведува уште една провинција и ви дозволува да тактизирате сами или со други лица во Itacua и Montuyoc. Itacua, патем, е провинцијата во која ја започнувате играта, детално се запознавате со богатата околина, а и отклучувате нови вештини со спечалените искуствени поени. Отворената бета ќе се испорачува преку Steam или платформата на Ubisoft и е со големина од 24 GB. Моментно, македонските гејмери можат предвреме да ја преземат само преку uplay, со ветување дека наскоро би се отворила можноста и преку Steam. Напредувањето кое ќе го достигнете во бета верзијата автоматски ќе се пренесе доколку ја купите играта, чие излегување е предвидено за 7.март. Бетата, меѓутоа, завршува на 27.февруари.

Минимална конфигурација: (720p резолуција)

  • OS: Windows 7 SP1, Windows 8.1, Windows 10 (64-bit верзии)
  • Процесор: Intel Core i5-2400S @ 2.5 GHz или AMD FX-4320 @ 4 GHz
  • Графичка карта: NVIDIA GeForce GTX660/GTX750Ti/GTX 950 /GTX1050 или AMD HD7870/R9 270X/R9 370X/RX 460 (2GB VRAM со Shader Model 5.0)VRAM
  • RAM меморија: 6GB

Препорачана конфигурација: (1080p резолуција)

  • OS: Windows 7 SP1, Windows 8.1, Windows 10 (64-bit верзии)
  • Процесор: Intel Core i7- 3770 @ 3.5 GHz или AMD FX-8350 @ 4 GHz
  • Графичка карта: NVIDIA GeForce GTX970/GTX 1060 или AMD R9 290X /R9 390/RX480 (4GB VRAM со Shader Model 5.0)
  • RAM меморија: 8GB

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments