Каква е родовата застапеност на ФИНКИ? [анализа]

Листата на Топ 10 .мк жени во ИТ индустријата за 2022 година која ја објавивме оваа недела активираше поголем број дискусии на тема родова еднаквост, застапеност како и потребата од таква тематика по социјалните медиуми. Најевидентна е дискусијата која се води на постот кој го споделивме во групата Сојузен комитет на програмери на Република Македонија на Facebook, приватна група која има скоро 16.000 членови и е составена претежно од ИТ професионалци од локалната ИТ индустрија. Постот за само 24 часа има повеќе од 290 лајкови и 90+ коментари.

Дискусијата на постот вклучува сè и сешто, од коментари со поларни спротивности, до саркастични критики, има теоретизирање дека во ИТ индустријата нема родова нееднаквост, па дури и дека мажите се пообесправени од жените во ИТ секторот… За жал многу ретко во коментарите се пронаоѓаат искрени честитки кон жените кои се на листата, а кои имаат фасцинантни кариери во ИТ светот.

Меѓу дискусиите во повеќе наврати се чепна темата за образованието, со конкретен фокус на ФИНКИ како најпроминентен и најброен ИТ факултет во земјата, па дури и се наметнаа изјави дека „веќе повеќе години 50%+ се жени“ на техничките факултети.

И додека поголем дел од споделените мислења на постот се лични мислења и ставови коишто не можеме да ги адресираме, сепак нафрлањето на вакви статистики е нешто што може да го провериме. Откако еден од членовите (имиња не се споделени бидејќи СКПРМ е приватна група) побара од нас да го провериме ова, го прифативме предизвикот и контактиравме со ФИНКИ, кои ажурно одговорија.

Фотографија од овогодинешните уписи на ФИНКИ (извор: ФИНКИ)

На ФИНКИ во просек се запишуваат 31% жени, 69% мажи

Доколку се земат бројките од последните 10 години (од 2012-2022) на запишани студенти на ФИНКИ, просекот покажува дека на овој технички факултет се запишуваат 31% жени, а 69% мажи.

Во споделните бројки несомнено се забележува и дека изминатава година бројот на запишани студентки е рекорден (37%) и задоволително поголем од бројката во 2012 година.

Напомена дека процентите се земени од активните студенти на факултетот и не се земени во предвид студентите и студентките кои се откажале од факултетот.

Во 2018 година, 60% од дипломираните се студентки

Уште поинтересна статистика за родова застапеност која може понатаму да се анализира се наоѓа кај дипломираните студенти. Со оглед на четиригодишните циклуси на студирање, последните релевантни бројки се од 2017-та и 2018-та, кои прикажуваат поголем број на жени кои дипломираат отколку мажи, тренд кој до 2016-та не бил присутен.

IT.mk побара статистика и од другите актуелни едукативни центри.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
petre
petre
1 year ago

Se tece po agenda pa duri i u zemji od 3 svet kao nie :)
Sega uste imigranti od afrika da ni ubutaat poso muslimani, zenska zastapenost i prisustvo na pederi imame dovolno.