Како ProtonLabs #РаботиОдДома

Несомнено е дека коронавирусот COVID-19 има огромно влијание врз случувањата во светот. Неодамна имавме текст за тоа како светските ИТ компании се справуваат со пандемијата и предизвиците кои ги носи. Очекувано најголем дел од читателите беше позаинтересиран како со епидемијата се справуваат локалните компании.

Па затоа, во серијал насловен “Како [локална компанија] #РаботиОдДома” од повеќе текстови ќе се обидеме да презентираме што прават најголем дел од ИТ компаниите кои се од Македонија или имаат канцеларии во Македонија.

Ова е праксата на компанијата Протонлабс која е официјално претставништо во Македонија за ProtonMail. Протон е компанија основана од научници од Церн и опслужува над 20 милиони корисници. Во моментов нуди два сервиси ProtonMail и ProtonVPN кои овозможуваат безбеден и сигурен начин за комуникација преку интернет. За работата од далечина во случај на пандемија зборувавме со Виолета Кочоска, директор во македонската компанија Протонлабс.


Како се справувате се овие отежнати услови за работа?

Дел од нашата компаниска култура е концептот “работа од дома” којшто е овозможен од самото основање на ProtonMail. Локацијата никогаш не претставувала пресуден фактор во нашиот начин на работа поради тоа што имаме секојдневна комуникација со вработени кои се наоѓаат во другите делови од светот. Бидејќи една од основите на нашата компанија е довербата во нашите вработени, во ваков период ние можеме да продолжиме со исто темпо на работа, организираност, продуктивност и посветеност кон нашите корисници.

Со поголем предизвик се соочуваат вработените во тимот за корисничка поддршка кои секојдневно комуницираат меѓу себе за проблемите со кои се соочуваат нашите корисници.

Какво е влијанието врз работата и клиентите?

Секојдневното користење на интернетот е во голем подем поради тоа што голем дел од популацијата е во својот дом. Протон има милиони корисници од целиот свет кои регуларно ги користат нашите ProtonMail и ProtonVPN сервиси и сето тоа придонесува потребата од нови вработени линеарно да се зголемува. Работата се одвива непречено и драго ми е што моменталната ситуација нема особено влијание врз нашата компанија.

Како што е претходно напоменато, најголемо влијание има врз тимот за корисничка поддршка поради значително зголемениот број на тикети. Тоа е главната причина поради која нашиот оглас за оваа позиција е регуларно застапен.

Овој тим брои најмногу вработени во целата компанија, со тоа што во краток период има вртоглав број на нови вработувања.

Кои алатки ги користите за да ја олесните работата од дома?

Ние сме интернационална компанија и овие основи беа поставени уште од самиот почеток.

За комуникација помеѓу вработените се користи сервисот Slack и сметам дека е одлична алатка која овозможува добра организација. Преку Slack креираме забавни канали кои не се посветени само на работата, со тоа што се трудиме да ги мотивираме вработените и да создадеме позитивно чувство на поврзаност, иако сите работиме од дома.

За пристап до нашите интерни сервиси се користи интерна VPN конекција.

Како алатка за организација на работата на девелоперите и пријавување проблеми од корисници користиме Jira. Дополнително, имаме и алатка за состаноци и конференции.

При нормални услови, интервјуата се закажуваат во канцеларија и кандидатот можеше да се запознае подобро со начинот на кој работиме и самите вработени.

За да ги заштитиме нашите кандидати и вработените, моментално користиме Recruitee за закажување онлајн интервјуа.

Кои се предизвиците при работа од дома?

Моментално, мотивацијата и недостатокот на динамика е најголем предизвик при работата од дома. Во Протон, голем дел од вработените преферираат да работат од канцеларија поради позитивната енергија, дружбата на работа, одличната комуникација и чувството на еднаквост.

Имавте ли некој специфичен предизвик кој можеби не можевте да го предвидите?

Оnboarding на новите вработени беше специфичен предизвик кој не можевме да го предвидиме. Додека сме во канцеларија, секогаш има вработен кој е спремен да ги обучува новите вработени. Како што продуктот станува се посложен, така се зголемува потребата за практична обука на новите вработени за да би можеле брзо и ефикасно да го научат продуктот и оттаму да им помогнат на нашите корисници.

Менторите секојдневно работеа рамо-до-рамо по 8 часа со новите вработени, вклучувајќи вербална комуникација и детално објаснување на продуктот. Моментално, овој тренинг се сведува на видео состаноци и пишана комуникација што значително влијае на тренинг периодот се додека новиот вработен не достигне одредено ниво на самостојност. Иако е изводливо, ефикасниот тренинг на новите вработени е најголемиот предизвик со кој моментално се соочуваме.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk