Како македонскиот HeyReach успеа да направи $200.000 за само 4 дена

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб, ИТ.МК

Македонскиот продукт HeyReach – алатка за автоматизирана комуникација на LinkedIn, се пофали дека за само четири дена успеале да направат продажба од скоро 200.000 US долари ($190.080), продавајќи го продуктот на над 1.110 клиенти глобално. Кампањата ја реализирале преку платформата на AppSumo – маркетплејс за дигитални продукти.

“WOW. Just WOW.

Минатите 4 дена, ја изведовме досега најголемата маркетинг кампања која сме ја имале некогаш, и тоа резултираше со неверојатни $200,000 во продажби, за само 4 дена!

I can’t emphasize this enough, ама ова е нешто ДОСЕГА НЕВИДЕНО!!!

Станавме the best-selling product на AppSumo, продадовме повеќе од 1100 лиценци што резултираа во скоро $200,000, и добивме многу добар early sign за product-market fit.

За само 4 дена!

Морав јавно да дадам огромна благодарност до тимот на Howitzer/HeyReach за креирање на одличен продукт и неверојатен customer experience – дечки, we fvckin’ killed it!!! 🚀🚀🚀

Очекував дека имаме killer продукт, ама искрено не ни замислував дека ќе оствариме ваков резултат. I’m amazed!

We are on an excellent path to become the first Macedonian unicorn! 🦄” – сподели на својот Facebook профилот ко-основачот и предводникот на Howitzer и HeyReach, Никола Велковски.

Во својот блог пост објавен на IndieHackers, платформа која ја преферираат за лансирање на своите продукти уште од самиот старт (за повеќе детали на оваа тема, кликнете тука), Никола споделува други импресивни бројки:

$190.080 вкупни продажби
$95.040 приход за тимот на Howitzer (50-50 е поделбата со AppSumo)
1.117 продадени лиценци
34 рефундирани лиценци (3% churn rate)
• 95%+ од сите лиценци се за најскапиот пакет
• 33 five-tacos реценции(сите добиени рецензии се со 5*)
• 9.01% конверзија
• Најдобро продаван продукт на AppSumo (⭐️⭐️⭐️⭐️⭐️)

Според тимот на Howitzer, AppSumo е една од најдобрите алатки која може да се користи од страна на стартапите за валидација на продуктот и позиционирањето.

Од Reddit на LinkedIn

Howitzer, составен од млад тим на инжинери, уште од својот старт направи голем бум на македонската стартап сцена – со добивање на инвестиција од 500.000 US долари – за својата алатка за автоматизирана комуникација на Reddit. Меѓутоа, политиките кои Reddit ги наметна кон ваквите алатки, и активно ги спроведува ограничувајќи го своето API, ги примора Howitzer да се фокусираат на други платформа, а за старт ја одбраа LinkedIn.

Повеќе детали може да прочитате на блог постот на Никола на Indie Hackers.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Што се дискутира на ИТ форум...Kоментари на статија (0)

Loading new replies...

За што служи оваа алатка? Мене ми изгледа, за спамирање со изигрување на правилата.

одговори 4 лајкови

За што служи оваа алатка? Мене ми изгледа, за спамирање со изигрување на правилата.

Who cares! Прај пари.
Патем и првиот продукт ми делуваше спамерски, а ова е уствари истиот само на друга “социјална” мрежа. Во секој случај нека им е со среќа на дечките без разлика што не ми се бендисува продуктот.

одговори 5 лајкови

Абе и јас не сакав да звучам омаловажувачки, еве некој наш успеал и сега јас му се серам, ама стварно не гледам вредност во тоа. Не знам многу за „алатката“, само она од текстот и што го видов на сајтот, се надевав дека некој ќе ме демантира и ќе ми објасни „служи за тоа и тоа“...

Но со здравје да си ги трошат парите.

одговори 3 лајкови

Со среќа нека им е ама момакот очигледно има проблем со изразување на мајчин јазик.

I can't emphasise..

океј

Настрана што и јас сум блажено неинформиран што прави "продукто"

одговори 1 лајкови

За што служи оваа алатка?

Настрана што и јас сум блажено неинформиран што прави "продукто"

Де бе, има се на сајтот > Scale your LinkedIn outreach indefinitely, for Agencies and Teams | HeyReach :)

Еве и TL;DR едиција на AppSumo: HeyReach - Scale LinkedIn outreach the right way | AppSumo

одговори 1 лајкови

Де бе, има се на сајтот > Scale your LinkedIn outreach indefinitely, for Agencies and Teams | HeyReach :)

Еве и TL;DR едиција на AppSumo: HeyReach - Scale LinkedIn outreach the right way | AppSumo

Де бе, гледаш дека убаво сме разбрале дека е спам тул дури и без да читаме на сајтот

1687110604020.png
Тууууу ама си негативен..

:D :D :D

одговори 7 лајкови

И GMail и Yahoo Mail имаат специјален фолдер каде што автомаЦки одат сите outreach-ови. :whistle:

одговори Лајк

И GMail и Yahoo Mail имаат специјален фолдер каде што автомаЦки одат сите outreach-ови. :whistle:

Well… името ептен ти одговара чим уште го спомнуваш јаху :D. Патем нема врска апликацијата со спам фолдер на мејл, туку спречува линкедин да те блокира ако праќаш мн риквести за “другарство”. Затоа вика дека е за тимови, користи повеќе акаунти за ширење на мрежата и ваљда имаш некоја централна конзола што ги сублимира сите акаунти итн итн итн.

одговори Лајк

јаху :D

З’ш да не го користам кога си работи. :cool: Викаш да ѕирнам во тоа фолдерите и да одговорам на риквестите за другарство што ми ги праќаат цури на 4 километри од мене? Па и не е толку далеку... А се труделе, веројатно користеле слична апликација...

одговори Лајк

З’ш да не го користам кога си работи. :cool: Викаш да ѕирнам во тоа фолдерите и да одговорам на риквестите за другарство што ми ги праќаат цури на 4 километри од мене? Па и не е толку далеку... А се труделе, веројатно користеле слична апликација...

Не се работи за праќање мејлови воопшто hence, нема врска со спам фолдер.

одговори Лајк

Добивај известувања
Извести ме за
guest
14 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments