Нашите пријатели од Zdravo.com.мк објавија текст за како идеално да се свари тврдо јајце. Текстот е доста корисен, но ние мислиме дека е потребно да се додаде малку гиковски момент за да се стигне до совршеноста, до перфектно сварено тврдо јајце!
Ви ја претставуваме наградуваната The perfect Egg timer апликацијa за iPhone и Android паметните телефони, креирана од Мирко Мулер. (jа одбравме оваа апликација бидејќи е наградувана, иако има слични апликации за скоро сите мобилни платформи)

Ова апликација користи купишта податоци за да одреди колку време е потребно перфектно да се свари едно јајце. Од дијаметарот на јајцето и височината на која се наоѓате до температурата на самото јајце. Апликацијата го одредува и времето на варење за да одберете колку тврдо варено го сакате јајцето, и во исто време, додека се готви јајцето, ви прикажува како теоретски изгледа неговата внатрешност додека се вари.
The perfect Egg timer, која чини 1.49 евра, e број еден најпродавана апликација во категоријата „Lifestyle” во Германија, Австрија, Швајцарија, Холандија, Шведска и е изберена за „омилена на персоналот “ во САД, Британија, Австрија и Швајцарија.
Но, почекајте, сигурно не би јаделе само варени јајца. Г. Мулер има креирано и Steak Master апликација за iPhone со која ќе може идеално да го подготвите вкусниот стек.








