Facebook сега со лево навигациско мени, истакнати се фан страните

0 коментари 2 мин. читање

Facebook ги стартува за сите корисници најавените промени во интерфеjсот, односно, сега левото мени ќе се користи како навигација низ друштвената мрежа и фан страните.

Целта на оваа промена е да се истакнат апликациите и фан страните на кои корисникот е администратор за да се користат почесто и полесно да се држи будно око над нотификациите од страните.

Во новиот интерфејс се излистани четири дела: Favorites, Groups, Apps и секако новите Pages. Favorites групата ги содржи фидот за вести, пораките, настаните и пријателите, Groups ги содржи групите во кои корисникот е зачленет, а Аpps ги листа апликациите кои се користат заедно со нотификации врзани со нив.

Можеби една од поинтересните промени е секако Pages групата која ги содржи фан страните на кои корисникот е администратор при тоа објавувајќи ги веднаш и нотификациите поврзани со фан страната што го олеснува водењето на истата. До сега Pages беа излистани само под еден таб во левиот интерфејст, што беше скоро и неприметливо и лошо, бидејќи нотификациите од сите фан страни беа соберени на куп. Сега кога се излистани на лево е многу полесно да се пристапи до страните и да се следат нотификациите за секоја страна поединечно, што значи навремено администрирање и среќни фанови.

Нов начин на прикажување на Facebook Pages на почетната страница. http://t.co/fWz9LJhless than a minute ago via Facebook Favorite Retweet Reply


(via Mashable)

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед