Google ќе ви предлага дополнителни информации со Google Related

во Веб

Google претстави нова алатка која вклучува екстензија која ви препорачува разни информации поврзани со веб сајтот на кој што се наоѓате во моментот. Станува збор за апликацијата Google Related која во зависност од веб сајтот на кој се наоѓате ви нуди многу предлози, вклучувајќи веб сајтови, мапи, резултати од Google Places, слики, рецензии, видеа и многу повеќе. Related исто така може да се инсталира и како Chrome екстензија. Според Google, оваа екстензија нема да функционира на секој веб сајт.

Google Related на дното од веб прелистувачот ви дава алатка со јазичиња кои покажуваат различни предлози доколку поминете со курсерот над нив. Па така, доколку посетите веб сајт за вести, Google Related ќе ви понуди слични вести од други сајтови, а ако сте на веб сајтот на некој рестиран, екстензијата ќе ви обезбеди јазиче со адресата на ресторанот, јазиче со рецензии и препорако од корисници, и јазиче за слични дестинации на Google Maps. Доколку  ви се допаѓа некој предлог и сакате да го споделите, тоа можете да го сторите со копчето +1.

Интерфејсот на алатката е лесен за навигација. Кога ќе стиснете на некое јазиче, ви се отвара ново прозорче без да ја напуштите првичната страна на која што се наоѓате. Уште една добра работа со оваа екстензија е тоа што на одредени страници и веб сајтови можете да го сокриете алатникот за да не ви пречи. Google Related исто така ви овозможува и да гледате видеа без да го напуштите сајтот на кој што се наоѓате.

Кога сме кај Google и нивните новини, неодамна во резултатите од пребарувањата под главните линкови сега се појавуваат и сите категории од одреден веб сајт. Ова дополнување на резултатите ви овозможува да се упатите директно на категоријата која сакате да ја посетите. Рангирањето на категориите е флексибилно и зависи од тоа што е барано. Категориите можат да бидат менаџирани од администраторите преку Webmaster Tools на Google.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Gjorgi
Gjorgi
14 years ago

Dobro, no ako ne mi se dopadne, dali t.e. kako moze da se iskluci Google Related

Мартин
Мартин
14 years ago
Reply to  Gjorgi

Uninstall :)

види ги сите огласи на kariera.it.mk