Како да си го подобрите користењето на Google+

Google+ е најбрзата растечка друштвена мрежа до сега. Google+ за три недели од своето постоење стигна над 18 милиони корисници, додека на Facebook и Twitter им требаше многу повеќе време да ја стигнат оваа бројка.

Како расте Google+, така растат и опциите за негово подобро користење. Веќе имаме покриено дел од овие опции, меѓу кои се деталниот преглед на сите опции што ги нуди Google+, како да објавите статус на Google+ и Facebook во еден чекор, како да ги префрлите фотографиите од Facebook во Google+, како да ги пренесете вашите пријатели од Facebook во Google+, и се разбира како да дознаете кој ве тргнал од неговите кругови. Во прилог имаме уште плус неколку совети и екстензии кои ќе го подобрат вашето искуство со Google+.

Една од овие интересни екстензии е Surplus. Оваа Chrome екстензија ви овозможува да постате на Google+ од било кој веб сајт, не морате да го отворате вашиот Google+ профил. Кога ќе најдете нешто што ви се допаѓа, и добиете желба да го споделите на Google+, притиснете на копчето за споделување, и ќе можете да постнете се’ што сакате, вклучувајќи линк, фотогорафија и видео. Бидејќи оваа екстензија не го влече директно линкот од страната на која се наоѓате, вие самите морате да го ископирате линкот. Surplus исто така ви овозможува и да ги гледате вашите нотификации, како и да додавате луѓе во вашите кругови.

Доколку сакате некои од постовите на Google+ да ги споделите на Facebook, Twitter и LinkedIn, екстензијата за Chrome, Extended Share, ви го овозможува токму тоа. Лошата работа сож оваа екстензија е тоа што само линкот се поста, без дополнителни информации за постираното.

Поради безбедносни причини Google не овозможува URL-то за вашиот профил да го носи вашето име. Доколку погледнете во лентата за адреси, ќе забележите еден куп бројки. Но, бидејќи сите сакаат нивниот профил да биде подостапен, изнајдено е решение како тие бројки да се заменат со вашето име. Веб апликацијата Google Plus Nick го прави токму тоа, ги заменува бројките со име кое вие ќе го одберете. Се’ што треба да направите е да го ископирате вашиот број во апликацијата и да си одберете име, не подолго од 25 карактери, и да не содржи бројки и специјални карактери.  Апликацијата ќе ви даде линк кој ќе може да го споделувате со оние кои сакате полесно да го најдат вашиот профил.

Друга интересна екстензија е Google+ Enhancer. Оваа екстензија овозможува горната лента додека седите на Google+ да ви дава нотификации за вашиот Gmal, Calendar и Reader. Принципот на функционирање е исто како со нотификациите на Google+. Доколку имате нешто ново на Gmail, Calendar или Reader, ќе ви се појави црвена нотификација.

Се надевам понудените есктензии ќе ви го олеснат животот, а како бонус, имаме два мали инфографици со совети за користење на Google+, дело на Симон Лаустсен.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk