0 коментари 1 мин. читање 29 декември, 2020

Создадете најразлични чудовишта со најновиот проект на Google – Chimera Painter

Немате никаков талент во цртање? Исти сме и ние, но тоа не значи дека треба да нѝ е мака што не можеме да нацртаме импресивни чудовишта. Барем не со најновиот проект кој произлегува од лабораторијата на Google, а се вика Chimera Painter.

Се работи за комплексна алатка која ви дозволува да одберете што сакате да цртате, како торзо, глава, крилја, или канџи и потоа да пробате да ги нацртате онака како што само вие умеете. Интересниот дел доаѓа кога ќе кликнете на копчето Transform за да видите како вашето дело ќе биде трансформирано во уметничка креација.

За трансформирањето преку Chimera Painter е задолжена вештачка интелигенција која се има истренирано на над илјадници 2D рендерирања и 3D модели преку моделот за машинско учење – CreatureGAN.

За дотерување на деталите, Chimera Painter нуди најразлични големини на четки, како и можност за бришење грешки.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top