Пред неколку денови беше објавена новата верзија на Ubuntu 12.10, за која веќе пишувавме, како и новостите кои доаѓаат со Quantal Quetzal, а некои од нив баш и не се нешто корисни.
Можеби на некого му се допаѓа оваа новост, но дефинитивно препораките од Amazon и нивното рекламирање во Dash-от е само непотребно зафаќање на простор – лично мислење. За да ги отстранете рекламите од Amazon, отворете го терминалот и пишете ја следната команда за отстранување на таа леќа:
sudo apt-get remove unity-lens-shopping
Откако ќе ја извршите оваа команда и се вратите во Dash-от ќе можете да забележате дека повеќе не се прикажуваат рекламите од Amazon.
или http://www.debian.org/distrib/ :)