<Надополнување> Откако веста стана вирална, властите во Минесота се предомислија и рекоа дека легислативата нема да се однесува на бесплатните онлајн курсеви.
*фала до hsilomedus
</надополнување>
Откако веста стана вирална, властите во Минесота се предомислија и рекоа дека легислативата нема да се однесува на бесплатните онлајн курсеви.
Отворените едукативни ресурси и бесплатното учење и надоградување е забрането со закон во Минесота. Оваа одлука е донесена од одделот за високо образование во Минесота и се повикува на статутите од 136А.61 до 136А.71. Според овие 10 статути, на Coursera и е забрането да презентира предавања во Минесота, бидејќи тој сервис никогаш не добил дозвола за работа во оваа држава, вели портпаролот на одделот за високо образование за The Chronicle.
Иронично е кога ќе видиме дека слоганот на Coursera гласи „Високо образование кое ги надминува границите на географијата, времето и парите“, а одлуката е донесена врз база на законите донесени пред повеќе од дваесет години и тогаш се мислело за офлајн образованието, но тоа никаде не е наведено.
Од друга страна, од Coursera сметаат дека овој закон е наменет само за институциите кои на студентите после завршувањето на своето образование добиваат некоја титула, па затоа законот нема смисла и дека другите држави немаат такви ограничувања.
Поради оваа забрана за Coursera, сервис кој има повеќе од 200 курсеви, 33 универзитети и 1,3 милиони корисници, мораше да направи измени во своите правила на користење и да постави граница на еден дел од мапата.
„За корисниците од Mинесота: Ако сте граѓанин на Минесота, се согласувате дека 1) нема да земате часови на Coursera, или 2) за секој час што ќе го земете, поголемата работа што ќе ја направите на курсот ќе биде надвор од границите на Минесота.“








забрана за бесплатно образование. со закон.
а идат американски мисионери и држат бесплатно образование по свет …
:)
на лудоста и нема крај
Сепак не. Одлуката беше променета за многу кратко време.
"In a win for common sense, Minnesota has decided to allow universities to offer free online courses to its residents after all."
http://www.slate.com/blogs/future_tense/2012/10/1…