Како да извадите „Дигитален извештај од Кредитниот регистар“

во Вести

Како дел од процесот на поголема дигитализација и полесна достапност на услугите до корисниците Народната банка им овозможи на граѓаните достапност на Извештајот од Кредитниот регистар преку Националниот портал за услуги. Услугата е бесплатна и достапна 24 часа.

Дигиталниот извештај од Кредитниот регистар ги содржи истите податоци кои може да ги добиете и од архивата на Народна банка. Со тоа што барање може да поднесете во било кое време од денот и не треба да чекате на шалтер. Во мојот случај целиот процес од поднесување на барањето до добивање на решението траеше точно еден час.

За време на поднесувањето на барањето заглавив на едно од полињата, ама за среќа благодарение на брзиот одговор на поддршката на Uslugi.gov.mk целиот процес заврши прилично брзо и безболно.

Како да поднесете барање за Дигитален извештај од Кредитен регистар

Како и за најголем дел од услугите кои сега се дигитално достапни „Издавањето податоци на физички лица од Кредитниот регистар на НБРСМ“ е достапно на порталот за е-услуги Uslugi.gov.mk. За оваа како и за сите други услуги потребно е регистрирање на Националниот портал за услуги. Ако сѐ уште се немате регистрирано на Порталот за е-услуги подетално упатство може да пронајдете тука.

Понатаму целиот процес е прилично едноставен. Ова е постапката која ја сподели Народната банка преку кусо видео и веројатно е најлесна за повторување. Откако ќе се најавите на порталот, од менито одберете Е-услуги. Одберете го полето за пребарување „Пребарај“. Во полето за „Институција“ внесете или започнете да внесувате „Народна банка на Република Северна Македонија“ и одберете „Пребарај услуга“.

Листата на услуги кои ги нуди НБСРМ на Порталот е кратка и засега ја содржи единствено оваа услуга. Одберете „Аплицирај“.

Во изборот за јазик одберете го јазикот на кој сакате да аплицирате за услугата.

Ќе добиете пристап до форма која во најголем дел е потполнета со исклучок на две полиња, а нејаснотијата во едно од нив беше причината поради која морав да ја контактирам поддршката. Станува збор за полето во кое треба да внесете контакт телефон.

Кратка фрустрација со телефоните и формата за поддршка

Полето за контакт телефон има „placeholder“ 389xxxyyyyy. Овој формат за телефонски броеви во Македонија се користи за бесплатни броеви со заеднички трошок. Секако ова не е број кој е потребен во случајот, па моравме да ја контактираме поддршката.

Полето за поддршка е на врвот на страницата на порталот и тешко е да го промашите, ама сепак некако ми успеа =(. Наместо ова отидов на Facebook-станицата. Го поставив моето прашање  таму. Добив автоматизиран одговор дека „Официјалната Facebook страница на Националниот портал за е-услуги е од информативен карактер и не е официјален канал за поддршка.“ заедно со линк до кој може да го испратам барањето. Си помислив „Супер!“ и отидов на линкот.

Ги пополнив полињата и кога одбрав „Испрати“ добив известување „Внесовте погрешен код за верификација“ иако бројот беше ист со оној на сликата. После повеќе фрустрирачки обиди го забележав параметарот за следење на Facebook „fbclid“. Го избришав и успешно го испратив барањето. (Малку подоцна забележав и каде е навистина поддршката на Порталот.

Мора да признаам дека откако помина фрустрацијата со fbclid искуството беше прилично добро. Одговор на прашањето добив за помалку од половина час, иако очекував дека ќе треба да поминат барем неколку дена. Вистинскиот формат на телефонскиот број всушност е 389xxyyyyyy, што би значело дека телефонскиот број е 38970xxxxxx, 38971xxxxxx, 38975xxxxxx и кои и да се сите префикси за оператор понатаму.

Откако ќе го внесете телефонот, ќе добиете преглед на барањето. Ако сакате да направите некоја измена може да го направите ова пред да го испратите барањето. По ова чекате еден час (барем јас) и ќе добиете известување дека вашиот документ е готов за преземање.

Впечатоци

Генерално да не беше проблемот со телефонот и со моето „привремено слепило за поддршка“ ќе го испратев барањето за помалку од една минута. Испраќањето на корисниците од facebook-страницата на поддршка која не функционира е недостаток  кој може да ги исфрустрира корисниците. Сепак најголемиот проблем е телефонскиот број, иако ова може да се надмине со менување на „placeholder“ атрибутот или со додавање на едноставен пример за телефонскиот број.

Ако не утнете ниту една од овие работи поднесување на барањето за Дигитален извештај од Кредитниот регистар ќе ви биде 10/10 искуство.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments