Анализа на податоците на Nilsen од последните три години која ја направи Bloomberg има интересни показатели за содржините кои се најпопуларни на сервисите за стримање. Дури 9 од 10 најпопуларни шоуа кои се достапни за стримањето се репризи, иако во топ 100, повеќе од 50 отсто од содржината се оригинални нови програми.
Она што е прилично големо изненадување е кое е најпопуларна серија од 2021 година и речиси е неверојатно дека некој ќе ја погоди. Ако помисливте на Пријатели (Friends), Game of Thrones или Star Trek погрешивте. Всушност ниту една од овие серии не е во топ 10. Најгледаната серија со изгледани 113,5 милијарди минути недело или 1,89 милијарди часови неделно е NCIS.
На листата се и Cocomelon (108,5 милијарди минути неделно), Grey’s Anatomy (104,7 милијарди минути неделно), Bluey (72,3 милијарди минути неделно), Criminal Minds (61,1 милијарди минути неделно), Suits (59,4 милијарди минути неделно), Stranger Things (46,8 милијарди минути неделно), The Big Bang Theory (43,1 милијарди минути неделно), Gilmore Girls (38,1 милијарди минути неделно), и Heartland (36,1 милијарди минути неделно). Единствена оригинална и понова содржина која успеа да се качи во најгледаните 10 е хитот на Netflix – Stranger Things.
Сепак, Netflix има многу повеќе причини за задоволство од едно шоу во 10. Осум од овие десет шоуа се на листата во огромна мерка благодарение на стримовите на Netflix. Некои од програмите како Criminal Minds и Suits без стримовите од Netflix немаше ниту да бидат во првите 10 на листата. The Big Bang Theory и цртанката Bluey се единствените кои немаат најмногу прегледи на Netflix. Веројатно очекувано дел од програмата со најмногу прегледи е достапна на повеќе стриминг платформи.
Како што можевте да заклучите од листата погоре, единствено Stranger Things е оригинална содржина достапна единствено преку стрим. Популарната серија Gilmour Girls имаше неколку сезони на Netflix, но во суштина не е креирана за стриминг платформа.
Сепак малку поширок поглед дава и поинаква слика за најпопуларните содржини според бројот на изгледани минути. Во првите 100 распределбата е: 53 оригинални серии, 31 реприза и 16 филмови.
Листата според популарноста на платформите не е ниту блиска. На првото место со 32.9 милијарди часови неделно е Netflix, зад нив со 5,3 милијарди е Disney+. По нив е HBO/MAX (2,5 милијарди), Amazon (1,9) и Hulu (1,1 милијарда). Manifest, Ozark, Virgin River, Wednesday, The Crown, Bridgerton, Cobra Kai, Love is Blind и You се најпопуларни оригинални серии и сите доаѓаат од Netflix. Reacher и Ted Lasso се првите серии кои не се продуцирани од Netflix на листата најпопуларни.
Сепак има и неколку лоши вести за Netflix. Од јануари 2023 Netflix не е најпопуларен стрим сервис кај паметните телевизори. YouTube има 9% од гледачите, а Netflix e некаде помеѓу 7 и 8 отсто. Интересна е и состојбата кај филмовите. На врвот тука се цртаните на Disney+: Moana, Encanto и Luca.