0 коментари 3 мин. читање 27 декември, 2012

Сестрата на Марк Закерберг се пожали за приватноста на Facebook

Ренди Закерберг, сестрата на основачот Марк, и поранешна главна за маркетинг на Facebook, се приклучи на толпата луѓе кои се незадоволни од приватноста на друштвената мрежа. Таа се налути бидејќи една фамилијарна слика која таа ја сподели на Facebook, се најде на јавно на Twitter. На сликата се гледа како таа, и други членови на Закерберг фамилијата, вклучувајќи го Марк, реагираат на новата Facebook Poke апликација. Сликата беше јавно споделена од Кали Швеитцер, која откако беше укорена од г-ѓа. Закербург, и се извини јавно.

Г-ѓа. Швеитцер објасни дека таа успеала да ја види сликата и покрај тоа што не е пријателка со Ренди Закерберг. Јасно е дека таа ја видела сликата бидејќи е пријателка со пријателка на Ренди Закербег. Ваквото можност вашата содржина да ја гледа „пријател на пријател“ е од огромно значење на Facebook бидејќи со таа опција (и public, се разбира) се постигнува виралноста, односно корисниците гледаат активности кои се надвор од нивниот круг на пријатели и често стапуваат во нови пријателства или се претплатуваат на профилите.

Интересно, г-ѓа. Закерберг успешно го спинуваше проблемот со приватноста додавајќи дека „не сакам моите приватни слики да станат вест“. За жал, токму тоа и се случи. Но, нејзината слика не беше за шоубиз вести или трачеви за како живеат Закербергови, туку во вестите за како Facebook манипулира со приватноста на корисниците, наметнувајќи опции за споделување, наместо да им дозволи ‘only friends’ споделувањето да биде default.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top