0 коментари 1 мин. читање 3 јуни, 2013

Како да го активирате новиот дизајн на Gmail

Во текот на минатата недела Google го најави новиот дизајн, односно подобрената организација на мејловите на Gmail. Редизајнот на најкористениот мејл сервис, Gmail се однесува на табовите во кои е категоризирана целата дојдовна пошта, па одсега ќе можете да имате посебен таб за личните мејлови, за промоции, форуми/мејлинг листи итн.

Таа промена сè уште не е достапна кај сите корисници, но постои начин истиот предвреме да се активира. За да го сторите тоа, кликнете на копчето за поставувања кое се наоѓа десно над листата со мејлови и изберете ја опцијата „Configure Inbox“.

Откако ќе се отвори прозорчето со опции за табовите, можете да изберете кои табови сакате да ги имате на вашиот мејл. Во моментот Google нудат однапред дефинирани табови, но во иднина сигурно би понудиле корисниците сами да си создаваат табови и да ги групираат мејловите.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top