Ова се премиум домени кои се ставаат на аукција. Најскапиот продаден .me домен е 70.000 долари и е date.me, по него е insure.me кој е платен 68.000 долари. Доменот love.me чини 32.500 долари, според Wikipedia.
Црна Гора го доби .me доменот по својата независност во 2006 година. За нивна среќа .cr (Crna Gora) и .mn (Monte Negro) домените беа заземени од Конго, односно од Монголија.
„Знаејќи дека .me доменот има големо значење и дека зборот е интересен, црногорската влада одлучи да управува со доменот така што ќе извлече максимална корист и го направи .me доменот да биде глобално достапен.“ пишува на сајтот за регистрација на .me доменот.
Денес има регистрирано над 250.000 .me домени, а самиот домен е попопуларен и од .Asia, .jobs, .coop, .pro, .travel и други атрактивни домени.








