И Yahoo со пребарување во реално време?

во Веб

{mosimage} Yahoo работи на пребарувањето во реално време, пишува ИТ блогот TechCrunch. За разлика од Google и Bing, кои се во договор сo Twitter директно да „копаат“ низ податоците, Yahoo ќе го имплементира OneRiot, бета пребарувач кој ги пребарува линковите споделени на Twitter, Digg и други друштвени мрежи.

Сега за сега, се е сведено на шпекулација и анонимни извори.

„Ако нашите извори се во право, партнерот на Yahoo е OneRiot, и продуктот ќе стартува наскоро.“ пишува Мајкл Арингтон од ТechCrunch.

Од двете компании не сакаат да коментираат за можната соработка.

„Не може да коментираме на шпекулација. Пребарувањето во реално време е важно за нас и моментално водиме неколку тестови дали покажувањето на таква содржина е важно за корисниците на Yahoo Search.“ вели Yahoo за ТеchCrunch

Блогот пишува дека најверојатно резултатите на OneRiot ќе се појавуваат на десната страна на Yahoo пребарувачот, за да се оделат резултатите според извор, налик на OneRiot/WebMynd додаток за Firefox. Ова размислување на ТеchCrunch е поради претходниот „blog search" проект од 2005 год. на Yahoo, коj имплементираше блог резултати во пребарувањето. Ова е прикажано на сликата подолу.

{mosimage}



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments