Kaj се парите? Следи ги приходите и расходите на локалната самоуправа преку нов веб сервис

во ИТ.МК

Следи ги парите“ е нов сервис кој треба да донесе поголема транспарентност во работењето на локалната самоуправа. Преку овој нов сервис, развиен од фондацијата Метаморфозис, граѓаните ќе можат да ги следат приходите и расходите на локалните самоуправи во Македонија „со цел да се подигне свеста за квалитетот и квантитетот на распределбата на средства“. Преку визуелизација на податоците секој ќе може да види колку годишни приходи има една општина и каде ги троши парите.

„Целта на сервисот е да ја доближи фискалната политика на локалните самоуправи во Македонија до граѓаните, преку едноставно и транспарентно прикажување на приходите и расходите на општините од 2008 година до денес.“, вели Елена Игнатова од Метаморфозис.

Веб страната во моментот содржи податоци за 15 општини, но во наредниот период ќе бидат додадени уште општини и дополнителни информации за средствата кои им се на располагање. Тоа што е интресно е што на сајтот ќе можат да се најдат и термини кои се користат за опис на средствата, што ќе им помогне на граѓаните да разберат и да се снајдат полесно со податоците.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments