Сега може да вметнувате фотографии и видео од Instagram на веб сајтови

0 коментари 1 мин. читање

Друштвената мрежа за споделување фотографии, и од неодамна кратки видеа, сега овозможи ембедирање на постовите во други сајтови. Како што се вметнуваат YouTube видеа или твитови, така ќе можете да споделите и Instagram пост на сајт. Предноста на вметнувањето е секако што не се споделува само фотографијата, или скриншот од неа, туку се споделува и линк до корисничкиот Instagram профил со повеќе дела. Ова е добро за промоцијата на авторот, или, како што вели Instagram, ваквото споделување му кажува на светот дека содржината му припаѓа на авторот.

За да вметнете Instagram пост во текст ќе треба да кликнете на Share копчето и да го преземете iframe кодот. Instagram напоменува дека ќе ја почитува приватноста на авторите, и само постовите кои се споделени јавно ќе можат да бидат ембедирани.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top