Ќе се снима филм за основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж

во Свет

Херој за многумина и непријател за уште повеќе, Џулијан Асанж, основачот на контроверзниот сајт Wikileaks, ги има сите квалитети да стане лик од филм. Токму тоа и ќе се случи благодарение на режисерот Роберт Коноли и продуцентите Хелен Воден и Тони Арејс, сите троица познати по серијалот The Slap.

„Секој има мислење за Асанж. Овој филм ќе претстави поглед кон приватниот живот на Џулијан, и ќе покаже како тој стана еден од најзборуваните фигури на нашето време.“, вели Рик Маер, извршниот продуцент на Network Ten, мрежа која ќе го продуцира филмот.

Приказната на телевизискиот филм, ова значи дека нема да се прикажува по кино салите само на телевизија, ќе биде како еден детектив, игран од Ентони ЛаПагла, познат по Balibo, трага по хакерот и активист Џулијан Асанж, игран од Алекс Вилијамс. Филмот ќе се фокусира на 1980 и 90-тите години кога Џулијан Асанж е тинејџер во Мелбурд, многу пред Wikileaks да го привлече светското внимание со објавување на Колатералното убиство, Авганистанскиот и Ирачкиот дневник и доверливите дипломатски документи.

Што се однесува до Асанж, тој се уште е во домашен притвор во Англија каде чека судење за екстрадикција во Шведска каде е обвинет за силување. До сега веќе се објавија неколку книги за него, вклучувајќи и негова неодобрена автобиографија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk