Ннамената на ScreenShare е да го споделите вашиот екран од мобилниот телефон со таблет компјутерот. Се работи за прилично нова апликација која сè уште е во бета фаза, и која содржи два дела – SpringNet и SpringMail, кои му овозможуваат на корисникот да го чита својот мејл и да прелистува на интернет преку својот таблет компјутер. За да работи апликацијата, двата уреди мора да бидат поврзани преку Bluetooth или WiFi.
ScreenShare Software Development Kit (SDK) ќе биде објавен при крајот на годината, така што на развивачи ќе им се овозможи да ги адаптираат своите апликации за да ги споделуваат корисничките интерфејси и содржината. Некои апликации кои може да имаат корист од ScreenShare се апликациите за мапи, GPS, интерактивен тренинг, повикувач на телефонски броеви, пишување на пораки, читање на е-книги и слично.
Доколку сте во движење и немате константна WiFi врска, најдобриот начин да ги поврзите вашиот паметен телефон и таблет е преку Bluetooth. Апликацијата ја собира само содржината што и е потребна да ја прикажа на таблетот, така корисникот заштедува на батерија и не мора телефонот да биде приклучен на полначот. Исто така, телефонот може да биде во мод за зачувување, па апликациите ќе се извршуваат на таблетот и така ќе заштедите на батерија. Откако ќе завршите со паралелната сесија, корисникот инстантно може да ги врати сите работи на телефонот.
Апликацијата е достапна бесплатно на Google Play маркетот, а видео демото можете да го погледнете подолу.
[youtube]SuMuHs3jfVw[/youtube]
