0 коментари 2 мин. читање 22 декември, 2014

ИТ настан: Tвитерџии, ајде да направиме новогодишна елка од пластични шишиња

#ЕлкаМК e eден од ретките настани што покажуваат дека македонската Twitter заедница е фантастична група луѓе. Новогодишната елка од пластични шишиња, која е трета елка што ја прават твитерџиите, освен што е забавен настан на кој се дружат луѓето, има за цел да го поттикне рециклирањето и да им помогне на луѓето кои немаат доволно средства.

Планот е следен – Елката ќе се прави од пластични шишиња кои секој може да ги донира на 27 декември од 12:00 до 14:00 часот на неколку пунктови низ Скопје. Освен шишиња ќе може да се донираат и пари и додатни материјали како коноп, чај, ракија, итн. Утредента, на 28-ми декември, од 10:00 часот ќе се склопува елката во Паркот на Франкофонијата. Елката потоа ќе биде продадена, а парите ќе бидат донирани на луѓе на кои им е потребна помош.

Вака изгледаше новогодишната елка пред некој година:

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top