0 коментари 2 мин. читање 22 декември, 2014

NASA прати француски клуч по имејл во Вселената

NASA им испрати француски клуч по имејл на астронаутите на Меѓународната вселенска станица. Се разбира не станува збор за физичка копија на клучот, туку 3д-модел испратен по имејл, кој благодарение на 3д-печатач астронаутите го креираа и склопија по спецификациите. Пред да пристигне 3Д-печатачот, астронаутите мораа да ја чекаат пратката која пристига на одреден времеснки интервал.

„Го слушнавме командирот Бери Вилмор дека спомна дека им е потребен француски клуч, направивме еден во CAD и им го испративме побрзо отколку е можно со ракета“, вели oсновачот на Made in Space, Мајк Чен, за BBC.

Францускиот клуч е прв предмет кој е испратен и изработен на ваков начин и претставува крај на експериментите на земјата и нивна реализација. Покрај употребата на 3Д-принтерот за изработа на алат во веслената, би можел да се искористи и за креирање на резервни делови, но и за опрема која би можела да се креира на самото место, по лансирање на некоја следна мисија.

Во моментов се експеримиентира со алтернативни материјали од кои ми можеле да се „принтаат“ елементи. На пример мисија на Месечината која би копала од таму реголит, по што би го користела истиот материјал за брзо креирање на потребните елементи, сепак ова засега е далеку од практична примена.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top