0 коментари 2 мин. читање 3 февруари, 2015

ИТ настан: Tрет по ред Silicon Drinkabout Skopje

Се приближува нов петок, и со тоа нов Silicon Drinkabout Skopje. Ова е неофицијално дружење на сите македонски стартап ентузијасти, основачи, претприемачи, дизајнери, артисти, инвеститори и бизнис-ангели. Дружењето е дел од глобалната иницијатива која се организира во 14 градови во 13 држави, а во Македонија е организиран од група стартап-ентузијасти кои сакаат да ги запознаат своите колеги, да поттикнат соработка и, со малку среќа и многу работа, да помогнат да се развие македонската стартап сцена.

„Јас можам за себе да кажам дека сум прилично нов член на заедницата, но од тоа што го имам видено до овој момент, мислам дека македонската стартап сцена напредна многу во последната година. Организацијата на различни стартап настани, формирањето и работата на неколкуте акселератори кои во моментот работат на територијата на Македонија, како и интересот на младите студенти за претприемништвото, претставуваат голем чекор кон закрепнувањето на заедницата“, вели Ева Пипереска од G6 и еден од организаторите на настанот.

Сите се поканети на дружењето! :)

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top