Ikea ни продава компјутерско-генерирана фантазија

во Општо

Дури 75 отсто од сликите кои се во каталозите на шведскиот производител на мебел Ikea се компјутерски-генерирани. Ова е значителен раст од 2012 година кога „само“ 25 посто од презентираните производи, доаѓаа со компјутерски генерирана графика, пишува Fact Company. Ikea во базата има над 23.000 3Д модели, но тоа што е импресивно е што моделите се конструираат во 4К резолуција, а текстурите се прават во размер 1:1 и нема никакво компресирање. Ова овозможува толкава деталност на генерираната графика што речиси и да не може да се препознае дека не станува збор за фотографии.

Причината што Ikea користи дигитални објекти е што не може да изработува прототипови на сите објекти што ги продава и да прави бескрајни фото-сесии. Дигиталните објекти и овозможува на компанијата секоја сезона да претставува прекрасни ентериери дизајнирани за специфични култури.

„Најскапите и најкомплицираните производи кои ги правиме и фотографираме се кујните. Не сакаме да испраќаме бели кујни насекаде, да ги фотографираме и да ги вратиме назат. За жал кујните се помеѓу собите кои се разликуваат во зависност од тоа каде во светот се наоѓате. На пример кујните во САД се многу различни од кујните во Јапонија или од кујните во Германија. Затоа потребни се многу различни распореди за локализација на изгледот на кујните во брошурите“, вели Мартин Ентхед од IKEA, за CG Society.

За транзиција во компјутерски генерирана графика IKEA пред неколку години започна да ги обучува своите фотографи во 3Д модели и генерирана графика, но и креаторите на 3Д модели започнаа со обука за фотографија.

„Пресвртница за нас беше 2009 година кога помисливме мора да престанеме да користиме комјутерски генерирана графика. Имаме 200 слики од продукти кои се очајни. Мора повеќе да вежбате. Кога ги погледанвме сликите за кои велеа дека се ужасни и неколку кои беа одлични, заклучивме дека тие кои не им се допаѓаат се фотографии, а тие кои беа одлични беа компјутерска графика. Сега зборуваме единствено за добри или лоши слики, не за техниките кои ги користиме за креирање на истите“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk