0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: T-Mobile гостува на деветиот Mobile Monday

Како што е и традицијата, првиот понеделник во месецот е посветен на Mobile Monday, настан на кој се поканети сите ентузијасти за новите мобилни технологии и апликации.

На деветиот Mobile Monday, кој ќе се одржи на 2-ви април во 18:30 часот во Клубот на новинари, ќе гостува Јордан Гиров, веб мастер во T-mobile. Тој ќе ја презентира студијата на случај за изработка на мобилна верзија на „Мојот T-Mobile“, веб-апликација која овозможува најкраток пат до вашата My T-Mobile сметка.

Јордан во својата презентација ќе се задржи на следниве аспекти:

  • Како функционира, што е специфично за оваа веб апликација?
  • Зошто jQuery mobile и како одеше имплементацијата?
  • Со какви предизвици се соочиле и планови за иднина.
Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top