0 коментари 1 мин. читање

Египет ги забрани порно сајтовите

Интернетот е за порно, но не и во Египет каде судовите одлучија да ги направат порно сајтовите нелегални бидејќи, како што велат египетските власти, користењето на порно сајтовите ги загрижува фамилиите. За да се одржи цензурата врз порното провајдерите ќе користат специјален софтвер кој ќе блокира сајтови. Претпоставувам дека неодамна претставените .xxx домени ќе бидат полесно за блокирање од .com домените.

Според други корисници кои дебатираат користејќи го хаштагот #EgyPornban на Twitter, ваквото цензурирање може да предизвика блокирање на не-порно сајтови. Египетските судови не се изјаснија за кои се деталите за одлуката, односно не дефинираа што е порно. За други пак, оваа одлука го отвара црниот пазар за продавање на порно содржини.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top