Добри вести за сите обожаватели на постари игри. Good Old Games се враќа по кратката пауза. За тие што не се запознаени со GOG, www.gog.com е платформа за дигитална продажба и зачувување на видео игри. Игрите кои ги продаваат се без заштита, а игрите ќе ви останат зачувани на GOG облакот и во случај ако сте ја избришале играта можете повторно да ја симнете во било кое време.
Овојпат проширени се и игрите кои ги нудат, односно од сега ќе можете да купите и игри дизајнирани од инди (независни) дизајнери, а покрај игрите ќе добиете и додатни содржини како музика или дополнителни слики.
Покрај целосната посветеност на продавање на игри на кои им е симната заштитата, во GOG се посветени и на идејата дека цената на една игра треба да биде иста без разлика на оа каде се продава, типичен обратен пример од ова е Diablo 3 која во Америка чини 60 долари, а кога се продава во Европа цената и е 60 евра.. Најголем број од старите игри се продаваат за 5,99 долари или најмногу до 9,99 долари, а новите игри според најавите ќе се продаваат за цени од 13,99 до 16,99 долари.
Во интервјуто за gamespot на прашањето дали со дистрибуцијата на нови наслови од инди дизајнери ќе се заостри конкуренцијата со Steam, одговараат дека тие продаваат игри кои се постари но се легендарни за разлика од Steam кој продаваат нови наслови. А вистинска реткост за игри кои се постари од 20 години е и техничката подршка.
Првите нови видео игри кои ќе им бидат понудени на играчите се Trine и The Wispered World а првата понудена игра во претпродажба е Legend of Grimrock. Сега за сега платформата нуди околу 400 игри од 40 дизајнери, а со самото креирање на профил GOG ќе ви подари шест игри.