ИТ настан: Стартапи од Скопје, Подгорица и Бања Лука ќе се натпреваруваат на Demo Day

во ИТ.МК

На 7 јули ќе се одржи првиот интернационален демо ден на SuperFounders. Станува збор за настан каде дванаесеттина стартапии од Скопје, Подгорица, Бања Лука, и можеби Солун, ќе добијат шанса да се претстават, а ќе има и тренинг за стартапи, и неколку експерти кои ќе го споделат своето претприемачко искуство. Стартапите кои ќе се натпреваруваат за Most promising startup нагредата се учесници во Start програмата на SuperFounders, што е всушност рана акселераторска програма со која им се помага на младите компании да ги доразвијат своите идеи и сервиси, и да научат како да направат бизнис план. Во Скопје во тек е втората Start програма. Се разбира пред, помеѓу и по презентаците и говорите ќе има дружење и вмрежување.

Гостин на настанот, покрај регионалните инвеститори, ќе биде и Марк Турел од Orasci, кој како специјален гостин ќе говори на темата „Скалирање на стартапи“. Покрај него со свои говори ќе придонесат и Александар Тасев, основач на Balkan Venture Forum; Глигор Дачевски, ко-основач на Seavus и SportyPal; Никола Ѓеоргиев, директор на Eferio; Никола Марковиќ, бизнис менаџер на SAGA; Дарко Арсов, проект менаџер во Crimson Capital; Рикардо Аимерито, основач на ERA Kapital; Селма Продановиќ, основач на Brainswork; Бајбураа Алтунтас, основач на Deulcom; и Дејан Кошутиќ, основач на ERA Group.

Настанот ќе се одржи на Скопски саем, ќе биде отворен во 9:00 часот, а се затвора со забава во 22:00 часот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments