Project Myo, алката која претендираше да го замени комјутерското глувче, го заврши тестирањето на својот прототип и е подготвена за продажба. Myo работи на принцип на електромијографија која лекарите ја користат за да ја снимат работата на мускулите. Новиот модел функционира идентично како и претходникот, контролерот реагира на движење и ротација, а ги детектира и електричните импулси во мускулите во подлактицата на корисникот. Myo регистрира 7 различни гестикулации, кои покрај движењето, овозможуваат да се издаваат различни команди.
„Јасно беше дека рацете и прстите се клуч во дигиталниот свет. Камерите не функционираат доволно добро за да го овозможат ова во подвижно сценарио. Конечно заклучивме дека EMG е начинот на кој ќе го оствариме ова. Неколку месеци подоцна го имавме првиот прототип кој ја потврди нашата претпоставка“, вели Стивен Лејк, ко-основач на Thalmic Labs
[youtube]oWu9TFJjHaM[/youtube]
„Автоматизацијата на домовите е прилично интересна област кај развивачите. Интерно размислуваме за примени во различни категории на корисници, размислуваме околу гејмингот и интеракции со уреди околу нас. Но, постојано се обидуваме да пронајдеме начин за поврзување со вакви уреди кои би ни овозможиле да ги контролираме во реално време“, вели г. Лејк.







