Spark.me е регионална интернет конференција која ќе се одржи на 26 и 27 септември во Будвa, Црна Гора, каде покрај стандардните предавања, ќе се одржи и натпревар за стартапи.
На конференцијата ќе имаат можност да се пријават сите регионални стартапи од кои ќе бидат изберени 10 да се претстават на натпреварот. Победникот ќе добие можност својот проект да го претстави на TechCrunch Disrupt Startup Alley 2014. Ова е одлична можност за стартапите од регионот својот проект да го претворат во вистински бизнис, посебно ако се знае дека натпреворот за претприемачи во Њу Јорк ќе биде посетен од светски познати инвеститори.
Spark.Me стартап натпреварот ќе биде фокусиран на иновацијата, уникатноста, идејата, потенцијалот на стартапот, можноста за развој и стратегиската имплементација. Сите кои се заинтересирани своите пријави може да ги испратат до 10 септември.







