Eвропа побара од Google да си ја смени полисата за приватност или ќе следи казна

Властите на Велика Британија, Германија и Италија побарaа од Google да си ja промени полисaтa за приватност во Европа или ќе биде казнет за „нетранспарентно“ менаџирање на корисничките податоци. Google се соочи и со поплаки од Франција и Шпанија кои не се задоволни како гигантот ги третира куповите лични информации кои ги собира секој ден, пишува Guardian.

Google ja промени својата полиса за да ја поедностави приватноста на сите нивни сервиси. Но, иако секој сервис си има своја полиса, Google додаде една универзална која дозволува да се преклопуваат личните информации од еден на друг сервис, пример YouTube и Gmail, со цел да ги креира своите друштвени слоеви, односно сервиси.

Иако поедноставувањето на полисата беше поздравено од американските и европските власти кои бараа полиси поразбирливи за корисниците, сепак сега европските власти велат дека тие не откриваат како Google ги третира личните податоци. Според професорот Јоханес Каспар кој е на чело на германската Агенција за заштита на приватните податоци, „Google ги прекршува своите обрвски за целосна транспарентност за користењето и менаџирањето на овие лични податоци“.

Google се огради од обвинувањата, велејќи дека нивната „полиса за приватност ги почитуваат европските закони и ни дозволува да креираме поедноставни, поефективни сервиси“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments