Фондацијата Марко Кабранов стартува натпревар за најкреативно меме (или мим) во кое ќе се исмее или пофали проектот Скопје 2014. Натпреварот може да биде интересен и да генерира доста креативна содржина, иако делува како форсиран, бидејќи интернет мемињата се вирални феномени, односно се споделуваат само ако им се допаднат на корисниците или ако се однесуваат на актуелни настани. Можеби овој натпревар ќе ја продолжи дебата за Скопје 2014-та?
Во конкурсот можат да учествуваат мемиња поставени на официјалната Facebook страница на конкурсот, испратени до [email protected] или објавени со официјалниот хаштаг на Twitter, #meme2014. Имајте на ум дека мемињата што ќе користат говор на омаловажување, групни навреди, дискриминација и омраза ќе бидат отстранети од конкуренцијата.
Натпреварот е организиран од фондацијата Марко Кабранов, основачот на здружението Плоштад Слобода, и школата за странски јазици Каста Дива.
Конкурсот трае од 16 до 19 декември. Гласањето е на 20 декември. Повеќе детали, како и сервиси за генерирање мемиња и корисни фокти ќе најдете тука.
#meme2014 twitter.com/StefanAleksik/…
— Stefan Aleksik (@StefanAleksik) December 17, 2012
Коментари
10 коментари
Коментарите се затворени.