1 коментар 2 мин. читање 17 декември, 2012

Instagram ќе споделува кориснички податоци со Facebook

Мобилната апликација за споделување фотографии ги промени условите за користење за да можат да споделуваат податоци со Facebook. Instagram е во сопственост на друштвената мрежа, и можеби беше прашање на време кога ќе видиме вакво предавање на „информации“, како што вели Instagram.

Во промените се вели дека „се направени за да може Instagram да функционира подобро како дел од Facebook со тоа што ќе моќе да споделува информации помеѓу две групи. Ова значи дека може заеднички да се бориме против спамот, да детектираме грешки и проблеми во системот, и да изградиме подобри опции за секој, така што ќе разбереме како Instagram се користи“.

ТechCrunch пишува дека сега е прашање како Instagram ќе ги користи личните податоци на корисисниците, и покрај ветувањето од компанијата дека корисниците ќе продолжат да имаат повеќе контрола врз својата содржина. Instagram во своите услови вели дека ќе може да споделува лични податоци, како веб колачиња, логови, идентификатори на уреди, локација и информации за користењето на апликацијата со други огласувачи и бизниси, но тие партнери ќе го почитуваат правото на корисниците да одбираат каде да споделуваат содржина.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Нико
Нико
13 years ago

Можно е Г+ да е социјална мрежа број 1.

Мени
Заедница
Изглед
To top