0 коментари 2 мин. читање 5 јуни, 2014

Google ќе ја подобри безбедноста на имејлот со End-to-Еnd алатка за енкрипција

Google го објави кодот за екстензијата End-to-End која овозможува поголема безбедност за оние на кои им е потребна. Екстензијата овозможува податоците и имејл пораките кои го напуштаат прелистувачот на корисникот да бидат криптирани се додека не се декриптираат од корисникот за кој се наменети. End-to-End ќе биде едноставен за користење за разлика од постоечките опции како PGP или GnuPG кои не само што бараат големо техничко предзнаење толку за нивно корисење е потребно повеќе време.

Засега екстензијата нема да биде достапна во Chrome Web Store, бидејќи решението е понудено за тестирање и проценување, при тоа помагајќи им на Google да го подобри, но и да обезбедат дека екстензијата овозможува безбедност, пред корисниците да започнат да ја користат. End-to-End е дел од Vulnerability Reward програмата на Google, што значи дека сите кој ќе пронајдат безбедносен пропуст ќе бидат финансиски наградени од компанијата.

„Свесни сме дека вакво криптирање најверојатно ќе биде користено за многу чувствителни податоци или единствено за оние на кои им е потребна дополнителна безбедност. Но се надеваме дека со End-to-End ќе направиме да биде побрзо и поедноставно кога на луѓето ќе им биде потребна оваа дополнителна безбедност, да им биде достапна.“

Критичарите на Google сметаа дека компанијата никогаш нема да излезе со вакво решение бидејќи сакаат да соберат што е можно повеќе податоци за своите корисници.

„Google сака да седи помеѓу вас и се со што интерактирата, додавајќи додадена вредност. Тие сакаат да бидат во оваа врска заедно со вас, а ова прави да биде многу потешко да се направи конекцијата безбедна“, вели Кристофер Согхојан за New York Times.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top