0 коментари 2 мин. читање 10 јануари, 2013

ИТ настан: Прв Global Game Jam во Скопје и Битола

Студенти, ентузијасти, професионалци и сите кои сакаат да креираат и играат видео игри, се поканети на првиот Global Game Jam 2013, кој ќе се одржи од 25 до 27 јануари во Скопје и во Битола.

Настанот со мото „Наместо да спиеш, цртај, креирај, програмирај, дизајнирај, дружи се 48 часа со целиот свет“ има за цел да ги собере сите локални ентузијасти и креатори на видео игри за дружење, соработка и, пред се, едукација. Како дел од програмата ќе има и работилница и предавање за креирање на видео игри. Работилниците во Скопје ќе ги држи KnapNok Games од Данска, a во Битола Kamai Media од Македонија. На крај на настанот ќе се прави избор на најдобрите игри креирани во работилниците.

Global Game Jam е организиран од Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА, во соработка со Internаtional Game Developers Association (IGDA). Global Jam е всушност светски настан, кој во двата дена ќе се одржи и во други 56 земји. Македонија и Србија ќе бидат првите балкански земји кои ќе земат учество во овогодинешниот настан.

За да учествувате на настанот, пријавете се на gamejam.mk. Информации ќе најдете и на Facebook.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top