Како иницијатива под покровителство на Обединетите Нации, Наградата на Светскиот самит за мобилни апликации промовира дигитални содржини кои се издвојуваат со тоа што придонесуваат кон дигитализација и подобрување на глобалното општество. Секој може да ја пријави својата апликација во неколку категории како е-бизнис, е-влада, е-учење, е-туризам, е-медиуми и други до 01 јуни 2014-та година.
Глобална мрежа од експерти ги номинира 8-те најдобри локални апликации на глобалниот натпревар. Пријавените мобилни апликации ги оценува меѓународно жири меѓу август и септември оваа година во Абу Даби, коешто ги избира 40-те победници, по пет во секоја категорија.
Наградата на Светскиот самит е глобална иницијатива за избор и промоција на најдобра е-содржина којашто започна да се доделува во 2003 година во рамките на Светскиот самит за информатичко општество на Обединетите Нации. Процесот се одвива преку национални избори и еден глобален избор, кои се одржуваат на секои две години и голем број национални и меѓународни конференции и работилници посветени на содржините – наречени Патувачко шоу на Наградата на Светскиот самит.







