2 коментари 1 мин. читање

LG ќе претстави златен G3 со неверојатна 2560×1440 резолуција

Откако не им успеа на Samsung и HTC чии најнови телефони имаат екран со „само“ 1080p резолуција, LG можеби ќе биде првиот производител кој ќе претстави телефон со 2K резолуција, односно со 2560×1440 пиксели.

LG G3 ќе се појави летово, и, како што откриваат првите слики од пакувањето што се појавија на интернет, ќе биде златен телефон. Иако златните модели најчесто се наменети за азиските пазари, овојпат златниот G3 ќе се обиде да се пробие на глобалната сцена. Засега освен шпекулации за телефон, нема многу детали околу техничките спецификации за телефонот, се очекува G3 да биде голем 5,5 инчи и да биде првиот телефон на LG кој ќе работи на нивен процесор.

Ова е претходникот LG G2 и неговите спецификации, што може да даде барем приближна слика за што да очекуваме:

[youtube]2oOfIobmBYY[/youtube]

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top